Македонија
8. јуни 2016 - 13:29

Анкета на Брима Галуп: ВМРО-ДПМНЕ со огромна предност пред СДСМ

Реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, Брима Галуп која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален Републикански Институт, на барање и во соработка со неделникот „Република“, во периодот од 5 мај до 12 мај 2016 година спроведе теренска анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, при што беа анкетирани 1006 испитаници на возраст над 18 години.

Со оглед на фактот што на сите досегашни избори, етничките Албанци во Република Македонија речиси стопроцентно гласаа за политичките партии во албанскиот политички кампус, посебно ги издвојуваме резултатите од анкетата кои се однесуваат на мислењето на Македонците.

Истовремено, поаѓајќи од фактот што македонските гласачи на избори, во најголем процент својата поддршка ја даваат за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, истражувањето генерално е насочено со прашања кои се однесуваат за овие две политички партии, освен одговорите на прашањето за рејтингот на политичките партии, каде освен македонското гласачко тело во предвид беше земено севкупното расположение на сите етнички заедници (Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и останати), со цел да се добие реален приказ за расположението на граѓаните за сите релевантни политички партии во државата.

Резултатите покажуваат дека поголем дел од населението има ставови и лични убедувања кои се поблиски до владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а ставовите на помалиот дел од населението се поблиски до СДСМ.

anketa-brima1

Вклучувајќи ги и гласачите кои припаѓаат на останатите националности во државата, 26,3 отсто се изјасниле дека нивните ставови и убедувања се поблиски до ВМРО-ДПМНЕ, а 14,6 проценти од испитаниците се изјасниле за СДСМ.

anketa-brima2

Кога ќе ги издвоиме само одговорите на Македонците, се добива двојно поголема разлика во предност на ВМРО-ДПМНЕ. Дека нивните ставови и убедувања се поблиски до ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 38,8 отсто од испитаниците кои се Македонци, а за СДСМ 18,7 проценти.

anketa-brima3

Населението во Македонија смета дека со ВМРО-ДПМНЕ и нејзината политичка програма има подобра иднина за Македонија.

brima-prasanje

На ова прашање за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 27,4 проценти од испитаниците, а дека со програмата на СДСМ има подобра иднина за Македонија рекле 14,6 проценти од испитаниците.

brima3

И испитаниците кои се Македонци главно сметаат дека со ВМРО-ДПМНЕ и нејзината политичка програма има подобра иднина за Македонија – 39,8 проценти. За СДСМ и нејзината програма се изјасниле само 17,8 проценти.

brima-mkd

Речиси три пати повеќе, односно 33,1 отсто од сите испитаници се изјасниле дека ВМРО-ДПМНЕ е поактивна во нивната средина за да ја добие поддршката од населението, а само 12,2% сметаат дека тоа е СДСМ.

brima01

brima02

Кај македонските испитаници таа разлика е тројно поголема – 48,8 се изјасниле за владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а 15,5 проценти за СДСМ.

brima0011

Македонците веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ подобро би управувала со државата.

mkd-brima

Дури 41,5 проценти од испитаниците се изјасниле за оваа партија, а за опозиционата СДСМ само 17,5 проценти.

koj-podobro-upravuva