Анкета: Младите се помалку заинтересирани за изборите во ЕУ, иако имаат позитивно мислење за нив
Младите Европејци имаат позитивно мислење за Европската унија, но се помалку мотивирани од постарите граѓани да гласаат на претстојните европски избори, покажа денеска објавеното истражување на германската фондација Бертелсман.
Во анкетата што е спроведена во неколку земји на ЕУ, а е репрезентативна за целата Унија, 59 отсто од младите на возраст од 16 до 25 години се изјасниле дека ќе гласаат на европските избори, 24 отсто сѐ уште не се сигурни, а 17 отсто рекле дека нема да гласаат.
Истовремено, во групата граѓани на возраст од 26 до 69 години, 65 отсто изразиле намера да гласаат за Европскиот парламент, 22 отсто се уште се неопределени, а 13 отсто се изјасниле дека нема да учествуваат на европските избори.
Од друга страна, на прашањето за хипотетички референдум за останување на нивната земја во ЕУ, 78 отсто од младите одговориле дека ќе гласаат за ЕУ, додека тоа би го направиле само 65 отсто од постарите.
Во категоријата помлади само 23 отсто се изјасниле дека излегуваат на гласање за да го изразат своето незадоволство од актуелната политика.
Кај постарите, 30 отсто од анкетираните биле меѓу оние кои ќе гласаат во знак на протест.
Иако и двете групи го оценија мировниот процес како најважна задача на ЕУ (по 60 проценти), младите луѓе му дадоа значително поголемо значење на почитувањето на човековите права и борбата против климатските промени.
Најголема разлика се покажа во прашањето за миграцијата.
Нешто помалку од половина од постарите очекуваат ЕУ подобро да ја контролира имиграцијата, а само четвртина од младите сметаат дека тоа е едно од централните прашања.
Истражувањето беше спроведено во март од европскиот инструмент за истражување на јавното мислење на Бертелсман „eupinions“.
Во Белгија, Франција, Холандија, Италија, Германија, Полска и Шпанија учествувале 13. 241 лице, така што анкетата е репрезентативна за ЕУ поради примерокот.
Ново на Сител
-
Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини
-
Меморандум за соработка потпишаа директорот на АД ЕСМ и деканот на ФИНКИ
-
Продолжен рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари
-
МОН: Студентските домови етапно се реконструираат, студентскиот стандард значително се подобрува
-
Приведен 44-годишен кумановец, се заканувал на полициски службеници и носел остар предмет
-
65-годишна жена измамена преку социјална мрежа за сума од 6.700 евра
-
До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените
-
68-годишник од Скопје измамен од женско лице за сума од 48.875 денари