Анкета: Македонското сирење со многу добар имиџ во Србија

Македонското сирење во Србија има многу добар имиџ, се бара како квалитетен производ, но нема доволна поддршка, дистрибуција и присуство за да најде пат до што поголем број потрошувачи.
Ова го покажува истражувањето на Агенцијата „Нилсен“ од Белград што беше презентирано денеска на седмата интерактивна работна конференција „Млеко и млечни производи“.
Како што рече Иван Миловановиќ од Нилсен, истражувањето се спроведува во големите и хипер маркетите, помалите и локалните продавници,...
Според истражувањето, пак, на Брима Галуп, во Македонија, од млечни производи, најмногу се купуваат бело сирење и јогурт, а млеко во помал процент.
Со анализата на Брима Галуп, рече Калина Медаравоска, се опфатени испитаници постари од 15 години.
Конференцијата што ја организира Talk IN Business на едно место, еднаш месечно, ги собира производителите и дистрибутерите од одредени индустрии. Целта е да бидат отворени сите прашања кои се предизвик за нив или претставуваат каков било проблем.
- Со помош на истражувачки агенции двете страни добиваат слика за пазарот, побарувачката и навиките, како и профилот на потрошувачите, нагласи Елена Стојановска од ИнСтор Македонија.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
