Анкета: Еден од двајца Германци смета дека Ангела Меркел треба да се повлече од власта
Речиси половина Германци сметаат дека канцеларката Ангела Меркел треба да се повлече од власта пред следните редовни парламентарни избори во 2021 година, покажуваат резултатите од анкетата нарачана од германската новинска агенција ДПА.
Анкетата, спроведена од Југав, објавена денеска покажува дека околу 47 отсто од анкетираните сакаат Меркел да се повлече пред истекот на нејзиниот мандат, а 36 отсто - да остане на власт до крајот.
Поддршката за Ангела Меркел беше посилна веднаш по парламентарните избори во октомври. Анкета на Југав тогаш покажа дека 36 отсто од гласачите се за што поскоро повлекување на канцеларката, а 44 отсто сакаа таа да продолжи да владее.
Преговорите за коалиција помеѓу конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ на Меркел и социјалдемократите треба да започнат на 7-ми јануари. Тие можат да доведат до повторување на големата коалиција, или до формирање малцинска влада на чело со Ангела Меркел. Но, ако преговорите не успеат, може да има предвремени парламентарни избори во 2018 година, посочува ДПА.
Ново на Сител
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол
-
До четврток облачно со повремен дожд, во петок стабилизирање на времето