Анкара: Создавањето безбедносна зона во Манбиџ зависи од САД

Турција и САД ќе создадат безбедносна зона околу градот Манбаџ во северна Сирија, доколку Вапингтон ги исполни дадените ветувања, изјави портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Ибрахим Калин.
- Договорот меѓу Анкара и Вашингтон за Манбаџ има обврзувачки карактер, а смената на државниот секретар на САД не би требало да доведе до промена на договореното, дури и да има негово одлагање за недела или две, изјави Калин за телевизијата ТРТ Хабер.
Калин нагласи и дека Турција очекува за „многу скоро“ време турските сили, заедно со нивните сојузници во редовите на сириските бутовници, „да го исчистат“ Африн од курдските борци.
Турската армија заедно со сириските бунтовнички групи што ја имаат поддршката на Анкара, на 20 јануари почна воена оперцијата против Силите за заштита на народот на сириските Курди во реонот на Африн. Цел на операцијата, нарчена „Маслиново гранче“, според Анкара е потиснување на борците на Силите за заштита на народот од реоните долж сириската граница кон Турција.
Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК), која од 90-те години на минатиот век се бори за автиномија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.
Според Калан, по завршувањето на воената операција во Африн, Анкара нема намера да им го предаде градот на сириските владини сили.
Ново на Сител
-

Јаневска: Универзитетите да отвораат студиски програми според потребите на пазарот на труд
-

Од раѓање до уништување: Животниот циклус на една планета
-

Гоце Наумовски избран за нов уставен судија
-

Две лица во притвор поврзани со заплената на 5 тони марихуана во Србија
-

Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години
-

Отповикана утрешната расправа за „Пулс“ заради влошена здравствена состојба на еден од обвинетите
-

Приведен државјанин на САД во Тиквешко, одбил да приложи лична идентификација и нападнал полицајци
-

65-годишен скопјанец починал во сообраќајка
