-->
-->
Анкара: Руски воен авион го наруши воздушниот простор на Турција
-->

Руски воен авион во саботата го нарушил турскиот воздушен простор во близина на границата со Сирија, поради што турското Воено воздухопловство испрати два авиона-ловци Ф-16 да го пресретнат, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Турција.
Поради инцидентот, Министерството испратило протестна нота до рускиот амбасадор во Анкара во кое Турција ја повикува Русија да не повтори ваков инцидент или ќе биде „одговорна за секој несакан одговор, кој може да се случи“.
Турскиот министер за надворешни работи Феридун Синиплиоглу разговарал со рускиот колега Сергеј Лавров, како и со клучни партнери од НАТО, се наведува во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Патници од Скопје и Куманово се вратиле од Африка заразени со маларија
-

Собранието ќе избира нов државен јавен обвинител
-

Без струја дел од Сопиште, а без вода неколку улици во Центар
-

Променливо облачно и посвежо време
-

Сообраќајот без застои по влажни коловози
-

Макрон: Франција нема да учествува во воени операции во Ормуската теснина
-

„Кир не е Винстон Черчил“: Трамп разочаран од британската воена поддршка против Иран
-

Зеленски ја прифати помошта од ЕУ за нафтоводот „Дружба“
