Анкара му забрани на холандскиот амбасадор да се врати во Турција

Турската влада соопшти дека му е забрането враќањето на холандскиот амбасадор Кис Корнелис Ван Риј, во Анкара, означувајќи го тоа како една од серијата мерки за казнување на Холандија, затоа што нејзината влада не му дозволи на турскиот министер за надворешни работи да одржи митинг во Ротердам.
Мевлут Чавушоглу требаше да зборува пред турските мигранти во Холандија, во рамките на владината кампања за поддршка на референдумот, планиран за крајот на идниот месец, а со кој на Претседателот на државата ќе се прошират овластувањата.
Со пакетот казни за Холандија, се суспендирани сите турско-холандски средби и разговори на високо ниво, а турските власти во иднина нема да дозволуваат атерирање, но и прелет преку територијата на Турција, на авиони кои превезуваат холандски дипломати и функционери.
Во меѓувреме, турските безбедносни сили целосно ја блокираа зградата на холандската амбасада во Анкара, објаснувајќи го тоа како мерка на заштита за дипломатите.
Освен во Холандија, турски министри не можеа да одржуваат партиски митинзи и во Германија, Австрија и во Швајцарија.
Претседателот Ердоган ги обвини Холанѓаните и Германците за „нацизам“, на што остро реагираа владите во Хаг и Берлин.
Германскиот канцелар Ангела Меркел им изрази целосна поддршка и солидарност на владата на Холандија во нејзината расправија со Турција.
Инцидентот со турскиот министер дојде на само два дена пред значајните парламентарни избори во Холандја, што се одржуваат утре, на кои како централна тема во кампањата се истакаа прашањата на имиграцијата и на исламскиот радикализам.
Актуелниот холандски премиер Марк Руте изјави дека владата не дозволи митинг во Ротердам од безбедносни причини, затоа што околината на овој холандски град претставува силно упориште на крајнодесничарската Партија на слободата.
Нејзниниот лидер ги уверува гласачите дека ако победи ќе ги протерува муслиманските мигранти од Мароко, ќе го забрани исламот и Куранот и ќе ги урне сите изградени џамии.
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
