-->
-->
Анис Амри работел под директна команда на ИД
-->

Тунижанинот Анис Амри кој во декември со камион усмрти 12 луѓе на божиќниот маркет во главниот град на Германија работел по директна наредба на Исламската држава.
Информацијата за магазинот „Шпигел“ ја потврдиле високи претставници на германската Влада, јави дописникот на МИА од Берлин.
Во првичната истрага за нападот во Берлин во кој Амри дополнително, потешко и полесно повреди уште 50 лица германските служби за безбедност не можеа да потврдат дали Тунижанинот бил инспириран или работел по наредба на ИД.
Според германските служби за безбедност Амри од раководството на Исламската држава добил директна задача, пишува „Шпигел“.
Оваа информација за директна поврзаност за терористи со ИД е од особена важност за германските власти кои што под присмотра имаат над 600 потенцијални извршители на терористички акти во земјата. Голем дел од извршителите на терористички напади во Германија во последниве две години биле инспирирани од ИД, но не и под директна команда на раководството на терористичката организација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
