„Анима Мунди“ распали по Мелита Ракичевиќ: Гола ги штитеше животните, а сега заработува на суровост
Ова е време на лицемери и профитери – до вчера борец против употребата на природно крзно и кожа, денес трговец кој промовира суровост и од неа заработува! Со оваа порака Анима Мунди, здружението за заштита на животните го започнува својот текст насочен против водителката Мелита Ракичевиќ.
-Нема поголема штета за животните од лажниот активизам со цел на себепромоција. Мртвите и одрани животни не можат да говорат, но затоа можеме ние. Нашиот став е дека нема поголем срам од плукањето по сопствената борба и до вчера пласирани вредности и убедувања. Прашуваме, имало ли некогаш борба, Мелита? Од таа што „Гола ги штитеше животните “ и почна кампањата „Крвавиот пат на бундата” остана само себе погазен човек. Таканаречената „македонска Брижид Бардо“ која се соблече за животните за нас е далеку од убавата душа и борец, вечната, пркосна Бардо или занесната Памела Андерсон, веганка која на секој начин ги брани животните– таа е за нас само човек без образ и уште една која јавно се соблече. За крај се обраќаме до македонското население и порачуваме: Крзното боли, крзното е убиство, крзното е мртво тело на душа која сакала да живее; крзно носат убави животни и грди луѓе. Одважете се, бидете поголеми од суровоста, бојкот на површноста, СОЧУВСТВОТО Е ВО МОДА, УБАВИ ЛУЃЕ, стои во реакцијата на здружението.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија