Бизнис
6. September 2017 - 19:42

Анѓушев: Проблемот со регионален развој мора да се реши, општините да поднесуваат проекти, државата ќе ги реализара

Една третина од населнието во земјава живее во Скопје. Селата се се попразни а градовите полни. Само 18 % од населнието е поврзано на кализациските мрежи.  

Државата и надлежните мора да го решат проблемот со немањето на рамномерен регионален развој истакна вицепремиерот Анѓушев на денешниот настан посветен токму на оваа проблематика.

Тој ги повика општините и регионалните центри за развој заеднички да работат на изготвување на проекти. Посочи дека на крајот на годината ќе има точни бројки, колку пари во кој регион се потрошени, и дали се одвојува 1 % од БДП како што предвидува законот.

- Ние сме пред предизвик да направиме добри проекти и да бидеме сигурни дека парите ќе завршат на вистинското место, а притоа да се обидеме да ја сузбиеме корупцијата при користењето на тие проекти. Јас ќе бидам посветен на тој процес - нагласи вицепремиерот Анѓушев.

Министерот за локална самоуправа посочи дека во последните 9 години се издвојувале само 0,04 отсто од БДП, пари за рамномерен развој на планските региони.

Односно, потрошени се  16 милиони евра, за 560 проекти кои не ги дале очекуваните резултати.

- Нашата цел е да обезбедиме ефикасно распределување на еден процент од БДП за реални проекти кои ќе бидат од клучна важност за планските региони. Сите податоци укажуваат дека сегашниот начин на развојните политики во државата и надминувањето на разликите во квалитетот на животот не ги дадоа очекуваните резултати - рече министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

Министерството за локална самоуправа веќе ја подготвува Стратегијата за рамномерен регионелен развој за периодот од 2020 до 2030 година.

Како што посочи ресорниот министер,  ќе се реализираат бројни проекти со кои треба да се намали пренаселеноста во главниот град и да се подобри квалитетот на животот во другите градови во внатрешноста.