Анѓушев: По драматичната криза, важно е медиумите да се слободни

Транспарентноста и слободните медиуми се клучни за здраво општетсво, истакнува македонскиот вицепремиер за економски прашања во разговор за Гласот на Америка во кој коментира за транспарентноста и слободните медиуми - клучни за здраво општество.
- Може да зборувате за какви сакате економски мерки, но мора да имате база, а тоа е стабилна политика, владеење на правото и слободни медиуми. Ако ги немате овие три елементи, не можете да зборувате за каков било просперитет на која било држава, вели вицепремиерот задолжен за економски прашања.
Според него мора да изградиме држава која ќе биде атрактивна за младите кои заминале во странство да се вратат во Македонија.
Вицепремиерот Анѓушев коментира дека Македонија да биде поконкурентна треба да инвестира повеќе во технологија, зашто државата потешко ги пробива продуктите на светскиот пазар поради високите транспортни трошоци.
Ново на Сител
-

Бугарија пред изборите се соочува со купување гласови
-

Петер Маѓар бара оставка од претседателот на Унгарија по победата на изборите
-

УЈП не воведува нов данок, туку спроведува постоечки закон, порача директорката Петрова
-

Трамп не е загрижен за поразот на Орбан: „Петер Маѓар е добар човек“
-

Седумгодишно дете прегазено во Кочани
-

Нови снимки: Стојанче среде судски комплекс ја тепа Ивана, полицијата на два пати доаѓа и си оди
-

РКЕ: Завршува грејната сезона
-

Мицкоски: Состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета, цените ќе останат исти или ќе бидат намалени
