Анѓушев: Македонија ќе се промовира преку три концентрирани центри

Македонија, наместо со економски промотори, преку три концентрирани центри на светот ќе му ги презентира можностите што се нудат во земјава за странските инвестиори, како и производите што се произведуваат во државата, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
-Едниот центар ќе биде во Америка, веројатно на источниот брег, другиот во центарот на Европа во западниот дел на Германија од каде ќе може да се покријат и сите соседни земји, а третиот на Блискиот Исток. Тоа ќе бидат концентирани единици кои ќе имаат двојна задача. Првата ќе им биде да го информираат светот за нашите програми, да разговараат со странки инвеститори и да ги донесат во Македонија, а втората да презентираат македонски производи, односно тоа што ние како држава го произведуваме, рече Анѓушев во одговор на новинарско прашање на денешата прес-конференција во Владата.
Ова, како што кажа, ќе биде евтин модел кој нема да чини премногу, а од кого очекуваме да даде резултат и е сосема различен и поевтин од претходниот кога беа испратени 40 промотори во 40 земји кои, посочи, работеа дивергентно.
-Во претходниот модел со праќање промотор во странска држава сместен во амбасадата кој паралелно работеше со амбасадата имаше двојство на улогите и не даде баш најсоодветни резултати, односно на многу места предизвика конфликтни ситуации. Од друга страна нашата држава е мала и не може да очекуваме дека сите ќе не бараат нас во светот. Напротив, ние треба да излеземе и да се презентираме пред светот. Сега имаме што да презентираме, имаме Закон за поддршка на инвестициите во индустријата и програма која ќе ја презентираме преку три концентрирани центри, појасни Анѓушев.
Со новиот модел на промовирање, посочи, се укинува идејата за воведување економски аташеа во амбасадите.
-Согледавме дека согласно Закон економските аташеа треба да се од редовите на Министерството за надворешни работи, односно да бидат најмалку две години вработени таму. За жал таму нема таков специфичен кадар и затоа прибегнавем кон ова решение кое е пооптимална и поевтина идеја, а верувам и со поголем резултат, потенцира Анѓушев.
Ново на Сител
-

Претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ на средба со министерот Мухамед Хоџа
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, граѓанска иницијатива ,,Шанса за Центар"
-

Ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски за случајот со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-

Условна казна затвор од една година доби екс претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска
-

ДНК на судијата Ристов пронајдена на фолијата со 350 илајди евра
-

Партиите без компромис, Изборниот законик останува заглавен
-

Регионализација и дигитализација во здравството приритет и за Клековски - новите министри ги презедоа функциите
-

Долгови, неисправни камиони и спорни исплати: Што откри државната ревизија во „Комунална хигиена“
