Македонија
5. September 2019 - 8:57

Анѓушев и Деспотовски на презентација на производ на компанијата ВТ продакшн

Во кругот на Бригадата за противпожара заштита на град Скопје, во населбата Автокоманда, денеска ќе биде презентиран производот: адитив-ретардер Fireless, на компанијата ВТ Продакшн, корисник на ко-финансиран грант од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

На презентацијата ќе присуствуват вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Кочо Анѓушев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски.