Анѓушев: ЕЛЕМ нема да се приватизира

АД „Електрани на Македонија“ нема да се приватизира, а обврската согласно новиот закон за енергетика и препораките на Европската унија да се издвои сопственоста на ЕЛЕМ и МЕПСО ќе се реши по примерите во регионот, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
- Мој став е, а и на Владата, дека приватизација на ЕЛЕМ нема да има. Обврската да се издвои сопственоста на ЕЛЕМ и МЕПСО ќе ја направиме на тој начин што различни институции во државата ќе бидат одговорни за МЕПСО и ЕЛЕМ посебно. Тоа е начинот на кој тоа е направено во останатите држави од регионот, прецизира Анѓушев одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на договорот за ревитализација на ТС „Дуброво“.
Тој нагласи дека нема да стане збор за никаква приватизација на ЕЛЕМ, а особено не на МЕПСО.
- Законот за енергетика е во фаза на изработка со помош на Енергетската заедница за да бидеме сигурни дека ќе бидат импелентирани сите европски норми, посочи Анѓушев.
Прашан за коментар на последниот извештај на Државниот завод за статистика според кој во август е забележан пад од 5,3 отсто на индустриското производство, Анѓушев рече дека треба да се направат подлабоки анализи за да се види на што се должи тоа.
- Мислам дека до крајот на годината ќе видиме раст на економијата во Република Македонија и ќе почнеме да ги имплементираме мерките кои ги најавивме. Пролетва државата имаше сериозни политички потешкотии кои значајно се одразија на економијата во тој период, но очекувам во последниот квартал да имаме сериозен раст на економијата, рече Анѓушев
Ново на Сител
-

Кошта: Усвојувањето на договорените уставни измени останува единствен начин за формално почнување преговорите
-

Сиљановска-Давкова положи венец пред Споменикот на слободата во Девин
-

Мицкоски го пречека Кошта, по тет-а-тет средбата ќе има состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција
-

Канал 12: Напнат разговор меѓу Нетанјаху и Трамп околу израелските напади врз Бејрут
-

Собир на граѓани го блокира сообраќајот на „Бутелска“
-

Антонио Кошта пристигна во Скопје
-

Во Вашингтон нова рунда директни преговори помеѓу Израел и Либан
-

Најмалку 16 луѓе повредени во невреме во Јапонија
