Анѓушев: ЕБОР е значаен финансиски партнер на земјата, продолжуваме со реализација на заеднички проекти
Тековните проекти што се спроведуваат со заедничка соработка на Владата на Република Северна Македонија и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), кои се однесуваат на регионално патно и енергетско поврзување, проекти од енергетскиот сектор, како и проекти за поддршка на малите и средни претријатија во земјата, беа тема на разговор наденешната средба во Скопје меѓу вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и новоименуваниот директор на канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси, кој ќе ја преземе функцијата од досегашната директорка Анка Јоана Јонеску на 1 септември 2019 година.
Вицепремиерот Анѓушев, информираат од неговиот кабинет, му го честиташе преземањето на функцијата на Аранитаси и порача дека очекува соработката помеѓу Северна Македонија и ЕБОР да продолжи да се одвива со воспоставената динамика, пред се за обезбедување на развојот на економијата и обезбедување на подобар живот за граѓаните.
Анѓушев ја потенцираше добрата соработка помеѓу Владата и ЕБОР, преку која во моментов на територијата на нашата земја, во различни фази, се одвиваат десетици проекти. Анѓушев подвлече дека поддршката од банката е значајна за реализација на енергетските проекти за подигнување на нивото на производство на електрична енергија од обновливи извори, стабилноста на електроенергетскиот систем, но и за изградба на експресните патишта Крива Паланка-граница со Бугарија и Штип-Радовиш, изградбата на железницата кон Бугарија и други проекти кои се изведуваат во соработка со банката.
Соговорниците се согласија дека соработката ќе продолжи со интензивна динамика, во насока на унапредување на поврзанoста во земјата и со соседните земји, во поглед на патна, железничка и енергетска инфраструктура, како и за унапредување на условите за водење на бизнис и обезбедеување на финансиски средства, особено за микро, малите и средните претпријатија
Ново на Сител
-

Трамп: Последната личност од која ни треба помош против Иран е Зеленски
-

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс
-

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху
-

Иран уапси 20 лица под обвинение дека биле информатори за Израел
-

Објавена „Пајажина“ од Раде Силјан со над седумдесет песни македонска родољубива поезија
-

Трамп: Не знам дали иранскиот врховен лидер е воопшто жив
-

„Кочани ви благодари“- доделување благодарници за значаен придонес во грижата за повредените по кочанската трагедија
-

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно

