Бизнис
10. November 2017 - 19:47

Анѓушев: Ако Фени оди под стечај побрзо ќе се најде инветситор - Според синдикатот нема фирма што после стечај успешно била рестартирана

И да оди Фени под стечај фабриката ќе почне со  работа за најмногу два месеци, , уверва вицепремиерот Анѓушев. Според него  ако до понеделник  доверителите не постиогант договор со бугарски Енекод и за комбинатот се отвори стечајна постапка Фени нема да се затвори  туку за краток период повторно ќе биде рестартирана. Интерес има и од други инвеститори.

Од друга страна синдикалците се плашат Фени да оди под стечај. Според нив досегашната пракса во земјава покажала дека кога  се случува тоа фабриката повторно не проработела. Поради тоа бараат решение да биде најдено до понеделник кога велешкиот суд треба да одлучи дали има услови за отворање на стечајна постапка.

Доверителите односно банките кон кои Фени има долг од 40 милиони евра чекаат нова понуда од бугарскиот инвеститор, откако ја одбија претходната во која инвеститорот им понудил само 3 милиони евра.

Протестите на вработените засега се во мирување. Во зависнот од тоа што ќе се случи во понеделни  ќе одлучуваат за понатамошните активности.