Фудбал
25. August 2015 - 17:02

Ангеловски за СИТЕЛ: Ќе играме отворено без калкулации

Македонскиот претставник во Лига Европа Работнички денеска отпатува за Русија каде во четврток од 18 часот го игра реваншот од пелј офот од Лига Европа. По првиот дуел во Скопје резултатот беше нерешен 1:1.
На последниот тренинг во Скопје, тренерот на „рамонтичарите“ Игор Ангеловски истакна:
- Подготовките за реваншот течат нормално. Играчите се максимално мотивирани, нема притисок. Знаеме што можеме да добиеме да дојдеме до пласман во група од Лига Европа.
За реваншот Ангеловски ќе има тројца играчи, кои не беа во составот на првиот дуел (Илијоски – картони, Трајчевски – исклучен, Сахити – повреден), но на листата на повредени остана Митров, додека поради исклучувањето со Казан нема да игра Петровиќ.
- Секој фудбалер е квалитет плус. Резултатот е активен, ќе играме отворено без калкулации и ќе се обидеме да дадеме гол повеќе, изјави Ангеловски.
Натпреварот во Казан се игра во четврток со почеток во 18 часот.

Ново на Сител