-->
-->
Ангеловски останува селектор на фудбалската репрезентација
-->
Игор Ангеловски останува на селекторската функција и ќе ја предводи нашата селекција на Европското првенство кое ќе се одигра во јуни годинава.
Ова денеска го потврди претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини кој истакна дека лесно се договориле со Ангеловски за продолжување на соработката.
„Како што ветивме пред јавноста, за нашиот прв избор за селектор, денеска потврдуваме дека го продолжуваме патот кон успехот. Со Игор лесно се договоривме за сите детали околу продолжување на соработката бидејќи и кај него и кај нас владееше позитивно расположение успехот што го направивме да го продолжиме заедно. Ние сме професионалци и знаеме дека добрите резултати даваат поголема шанса за задржување на некоја позиција. Горди сме на сѐ што направивме како репрезентација и федерацијата ќе продолжи да обезбедува најдобри услови за работа, како што впрочем беше и досега“, изјави Сејдини.
Резултатите и игрите кои ги бележеше македонската репрезентација предводена од пипуларниот Мрме беа пресуден фактор во одлуката тој да остане наш предводник на претстојниот континентален собир на кој нè чекаат дуели со Холандија, Украина и Австрија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
-

Гром предизвика огнена драма над Штип, за среќа пожарот е изгаснат
-

Ѓорѓиевски: Утврден е сериозен недостаток на пожарникари во целата држава
-

Законите што ќе овозможат изградба на дата центри без дебата го поминаа првиот собраниски филтер
-

Алиу – Новиот клинички центар во близина на ГОБ 8-ми Септември најповолно решение
