Aнгеловски: Најлесно е да се критикува
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски во интервју за веб сајтот на ФФМ се осврна на моменталната состојба во националниот тим и побара трпение од јавноста за подобри резултати:
-Сите ние кои работиме во фудбалот, работиме во интерес на тој фудбал. Мене ми е жал што сите не работиме во иста насока, а тоа е за доброто на македонскиот фудбал. Оваа репрезентација е на сите, ако победуваме заслугите нема да бидат само на селекторот и играчите, туку на сите кои го поддржуваат тимот. Најлесно е да се критикува и да се кршат ѕидови кои веќе се напукнати. Мојата комуникација со играчите е конструктивна и интензивна и тоа е убаво и така треба и да биде. Ме радуваат позитивната атмосфера, сплотеноста и нивниот однос кога се во националниот тим - смета Ангеловски.
Првиот стратег на „рисовите“ најави и подмладување на селекцијата:
-Јасно ми е дека јавноста со нетрение очекува подобри резултати, но без разлика на поразите на последните натпревари, јас сум непоправлив оптимист и тоа што го имам зацртано и реалните можности ќе го спроведам до крај, убеден сум дека сето тоа ќе ни донесе подобри резултати. Во однос на играчите од младата репрезентација, јас отворено реков и по моето назначување дека нивното вклучување во најдобриот тим е една од основните цели. Тоа и го направив со повикот на пет фудбалери од таа селекција за дуелот против Либан. По нивниот квлаификациски дуел со Украина и за пријателските натпревари во јуни поголем дел од тие фудбалери ќе добијат повик во А селекцијата. Целта е да се оформи тим од максимум 25-ет играчи, еден спој на младост и искуство и тие да го носат товарот на квалификациските натпревари. Најважно е секогаш да размислуваме за колективот, а фудбалот е колективен спорт, не е тенис. Успехот на екипата сигурно зависи и од индивидуалниот квалитет, но тој нема да донесе толкав успех, колку што тоа може да го направи колективниот пристап во приказната.
Ново на Сител
-
Давал пари на заем и наплатувал несразмерна камата, уапсен лихвар во Битола
-
Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9