Фудбал
24. March 2017 - 23:23

Aнгеловски: Доминиравме во текот на целиот меч

Селекторот на макеедонскиот национален тим Игор Ангеловски по мечот изрази задоволство од постигнатата победа од 3-0 и најави дека со овие три бода Македонија може да се бори за многу подобар пласман во квалификациската група во директни дуели со Албанија и Израел.

„ Задоволен  сум од прикажаното, играчпите потврдија како и на претходните натпревари дека знаат да играат фудбал и остваривме заслужена победа која ќе не мотивира да ја градиме играта во понатамошните средби“- изјави по мечот Ангеловски. 
Веќе на 28., Македонија ќе игра пријателски дуел со Белорусија во Скопје.