Македонија
9. January 2020 - 12:51

Ангеловска: Лажна вест е дека има забрана за комуникација со дополнителната заменик министерка за финансии

Лажна вест е дека има забрана за комуникација на вработените со дополнителната заменик министерка за финансии, вели министерката за финансии, Нина Ангеловска. Според нејзе, целта на оваа вест е политичко поентирање.
 
Министерката уште вели дека Министерството за финансии е најтранспарентно досега за што има пофалби и од меѓународни институции. Сите информации за состојбата во трезорот се достапни до јавноста преку порталот "Отворени финансии". 
 
Претходно, дополнителната заменик министерка рече дека веројатно има причина зошто нешто се крие. Ја обвини власта за нетранспарентност и нереално буџетско планирање, поради што државата е приморана дополнително да се задолжува.
 
Поточно, лани во буџетот биле прибрани за речиси 25% помалку пари од даноци во однос на планираното. Тој податок, според заменик министерката е индикатор дека економијата стагнира а бизнис амбиентот е неповолен.
 
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова