-->
-->
Ангеловска: Досега одобрени седум милиони евра од Ковид 2 бескаматните кредити
-->
Преку Развојната банка досега се доделени 7,13 милиони евра од бескаматната кредитна линија Ковид 2, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.
Средствата, како што наведува, се доделени на 593 компании со 10.108 вработени.
-Заедно со Ковид 1 линијата, досега, преку бескаматни кредити во износ од 12,67 милиони евра поддржани се 1.331 микро, мали и средни компании во кои работат 16.632 вработени, пишува Ангеловска.
Вчера на владината седница беа одобрени нови 476 кредити за микро, мали и средни компании во вредност од 5,14 милиони евра од Ковид 2 бескаматните кредити преку Развојна банка на Македонија. Во овие компании работат 7.107 лица
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
-

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури
