Ангеловска: Дополнителната заменик министерка има целосен увид во работата на МФ

Дополнителната заменик министерка за финансии има целосен увид во работата на Министерството за финансии, а голем дел од ресурсите на Министерството се ангажирани само во одговарање на барања на дополнителната заменик министерка. Министерството за финансии работи најтранспарентно од кога и да за што сведочи отворањето на голем број од информациите за целата јавност, како Трезорот, извршувањето на капиталните инвестиции по буџетски корисник, обврските на институциите, фондовите, општините и други алатки за транспарентност, посочи министерката за финансии Нина Ангеловска во писмена реакција на прес-конференцијата на дополнителната заменик министерка Гордана Кочоска-Димитриеска.
Во реакцијата Ангеловска наведува дека нејзиниот кабинет е отворен за дополнителната заменик министерка и дека пред неколку недели на иницијатива на министерката, двете имале средба на која разговарале и за соработката, бидејќи според министерката во интерес на граѓаните е конструктивност.
-Во насока на транспарентноста за која се залагаме како Министерство, како и организирање на фер и демократски избори, а согласно законот за Влада на Република Македонија, сите акти и документи кои ги продуцира Министерството за финансии – се доставуваат до дополнителниот заменик министер. Сите барања кои се доставуваат од Кабинетот на дополнителната заменик-министерка се одговараат стручно и професионално од секторите, согласно законите, вели Ангеловска.
Таа посочува и дека значаен дел од капацитетите на секторите се ангажирани само за одговарање на барањата, и дека голем дел од барањата физички не можат да се испорачаат во еден ден како што се побарува во дел од нив. -Ова секако влијае и на динамиката на редовната работа на секторите, додава таа.
-Дополнителната заменик министерка ги добива на редовна основа и на ист начин на кој јас ги добивам сите информации, документи, материјали кои се изготвуваат од Министерството за финансии и кои се разгледуваат на редовна седница на Влада, како и сите мислења изготвени од секторите на Министерството за финансии за сите материјали, акти, документи и информации од други министерства и органи на власта, кои се разгледуваат на дневен ред на секоја седница на Влада. Со ова не само што има целосен увид на работата на Министерството за Финансии, туку има и преглед врз работата на Владата, посочува Ангеловска во реакцијата.
Ново на Сител
-

Тошковски: Построги казни и зголемување на старосната граница за возење тротинет
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
