Ангеловска – Денај: Мерките за сузбивање на сивата економија даваат резултати

Албанија ги препознава и сака да ги искористи успешните мерки за сузбивање на сивата економија кои ги применуваме. За мерката субвенционирање на придонесите за покачување на плата на вработените, МојДДВ и МојДДВ #МојаНаграда стана збор на официјалната средба помеѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и министерката за финансии и економија на Албанија Анила Денај, соопшти Министерството за финансии.
Министерката Ангеловска посочи дека најчесто учиме од најдобрите практики на другите земји и дека и ние имаме потенцијал да бидеме пример за најдобри практики на други земји во борбата против сивата економија. Таа истакна и дека Министерството забрзано работи на акциски план и платформа за сузбивање на сивата економија, кои ќе ја адресираат сивата економија, особено во фискалниот дел.
На средбата, на која беа присутни и заменик министерката за финансии на Република Македонија Ширет Елези и заменик министерката за финансии и економија на Албанија Белинда Икономи, стана збор за соработката помеѓу двете земји и за размена на искуства помеѓу министерствата за унапредување на системите за јавни финансии. Беше истакнато дека преку учење едни од други, ќе се применуваат добри практики во насока на градење подобри системи и економски развој.
Наскоро, како што стои во соопштението, ќе се потпише и меморандум за соработка помеѓу двете министерствата, со што ќе се официјализира соработката и размената на искуства.
На состанокот стана збор и за процесот на евроинтеграции во Република Македонија и Албанија и беа разменети соодветни искуства во однос на поглавјата кои се во надлежност на двете министерства. Беше истакнато дека за двете земји членството во ЕУ е приоритет.
Инаку, во трговската размена со Албанија во континуитет бележиме суфицит, но таа значително може да се подобри, бидејќи таа учествува само еден отсто во структурата од надворешно-трговската размена на земјава.
Ново на Сител
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
-

Двајца странски државјани безбедно извлечени од Пирибег
-

Армијата презентираше дел од современата воена опрема и вооружување во Куманово
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
-

Уапсен Босанец, кај Катланово возел 164 км/ч на место каде што дозволено е 80
-

Осомничените се обиделе да прегазат полицајци и одзеле пиштол, синдикатот реагира на политизација на случајот
-

Мицкоски: Македонија е поголема од секоја политичка генерација, целта е посилна татковина
