Ангеловска-Бежоска: Дадовме јасно до знаење дека ќе ја зачуваме макроекономската стабилност
Како централна банка дадовме јасно до знаење дека ќе преземеме решавачки чекори за да ја зачуваме стабилноста и да обезбедиме среднорочна ценовна стабилност, посочува во интервју за „Слободен печат“, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Таа објаснува дека Народната банка, како и многу централни банки, започна со нормализирањето на монетарната политика како одговор на растечката инфлација и подигнувањето на инфлациските очекувања. Сепак, покачувањето на основната камата е умерено и постепено, затоа не се очекуваат силни и нагли промени во каматната политика на банките.
“Голем број централни банки го започнаа нормализирањето на монетарната политика како одговор на растечката инфлација и подигнувањето на инфлациските очекувања. Сепак, ова не се вообичаени услови, во кои централните банки реагираат на прекумерната побарувачка којашто ја подгрева инфлацијата. Станува збор за појава на инфлација којашто во најголем дел ја движат фактори на страна на понудата, и кои во комбинација со постпандмичното закрепнување на побарувачката придонесуваат за значително забрзување на инфлацијата во глобални рамки. Овој ценовен шок трае подолго и е релативно силен, па оттаму се пренесува и на останатите цени и на инфлациските очекувања коешто упатува на потреба од водење на претпазливи домашни политики. Од друга страна, моментално изгледите за раст се неизвесни и неповолни. Затоа и промените во каматната стапка се постепени, а циклусот на затегнување е поумерен и проследен и со други комплементарни мерки коишто треба да ги стабилизираат очекувањата и довербата, да делуваат на цените и на склоноста за располагање со домашна валута”, истакнува гувернерката.
Таа посочува дека покрај зголемувањето на каматната стапка, во два наврата се направени и промени во системот на задолжителната резерва во насока на стимулирање на штедењето во денари, а исто така воведен е и контрацикличен заштитен слој на капиталот, со кој дополнително се јакне и капацитетот на банките за реакција на шокови.
„Треба да измине време за да се согледаат ефектите од овие мерки. Со оглед на постепеното и умерено нагорно придвижување, не се очекуваат силни и нагли промени во каматната политика на банките, иако веќе кај одредени производи, пред сѐ депозитните, се забележуваат одредени нагорни корекции. Кај каматните стапки на кредитите засега нема позначајни поместувања“, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска.
Народна банка на Република Северна Македонија
Ново на Сител
-
Во Струга до 17 часот излезноста за претседател 23 проценти, за парламентарните избори 35 отсто, во Вевчани над 63 проценти
-
Двајца фаворити на изборите во Бугарија се на американската црна листа
-
Во Куманово за претседателските избори, излезеноста до 17 часот e 37,66, за парламентарните е 44,82 отсто
-
Во Југоистокот продолжува трендот на најголема излезност во Дојран и Гевгелија, најмал во Радовиш
-
Во Штип излезноста до 17 часот е над 48 отсто на двојните избори
-
Излезноста до 17 часот за претседателски избори е 42,32%, за парламентарни 46,93%
-
Пет лица повредени откако од патот излета возило со албански регистрации во Струшко
-
Во Охрид до 15 часот гласале околу 38, во Дебрца околу 37 отсто од гласачите