Ангелов: Се надевам дека нема да има помасовен бран на бегалци на јужната граница
Делегација на француската амбасада, предводена од полициското аташе, Стефан Ропер и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска беа во посета на Транзитниот прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија, каде се запознаа со моментната состојба и подготвеноста на центарот за прифаќање на мигранти доколку се случи нов бегалски бран.
-Јас се надевам дека нема да дојде до таков бран каков што некои најавуваат и покрај тоа што постои некое олабавување на мигрантите и ковид мерките, што ќе придонесе за раздвижување и проток на луѓе преку границите. Некои држави ги користат мигрантите со нив да вршат и политички притисоци, но ние ги земаме предвид сите тие факти при носењето на нашите одлуки. На дневна основа нашите гранични служби фаќаат по педесет до шеесет мигранти што илегално ја преминуваат границата што претставува мало зголемување на бројот на илегалните минувања на границата, рече генералот Ангелов.
Водачот на француската делегација, Стефан Ропер, оцени дека ТПЦ „Винојуг“ располага со се што е неопходно за прифаќање мигранти од евентуален нов бегалски бран и дека ги нуди сите услови за времено прифаќање и сместување на мигранти.
Раководителот на ПТЦ „Винојуг“ Зоран Лазаровски, нагласи дека моментно во центарот има 35 мигранти од разни земји кои се задржуваат во зависност од потребите што ги имаати дека таа бројка на дневна основа е менлива.
Ново на Сител
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче