Ангелов: Поголема јавна свест за опасноста од пожарите ќе ни биде од голема помош

Во месец август досега се регистрирани 88 пожари, а само во текот нa вчерашниот ден регистрирани се 18 пожари за кои за повеќе од полoвина постоеше опасност да прераснат во сериозни пожари, информира денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Тој на прес-конференција на која информираше за најновите состојби со пожарите рече дека во март имало 139 пожари на отвоен простор, април 141, мај 193, јуни 191 и јули 91 пожар.
– Бројката е навистина голема ова воопшто не е шега, но благодарение на брзата интервенција и раната дојава, овие пожари безмалку беа совладани во првата фаза и не дозволивме да се разгорат во големи шумски пожари. Некои од нив беа релативно несериозни како ѓубришта, депонии каде можевме да воспоставиме релативна контрола, но поголем број од овие пожари беа сериозна закана, за жал и оваа година вегетацијата е доволно сува за да поддржи силно горење и развивање на силни пожари, овие слаби врнежи деновиве не се доволни за да ја олеснат ситуацијата, изјави Ангелов.
Тој кажа дека оваа година за првпат се искористил полициски хеликоптер во гаснењето на пожарот во фабрика во Тетово на 30 мај.
Ангелов додаде дека доколку се влоши ситуацијата, односно се прогласи кризна состојба ќе биде активирана и Армијата и полицијата, оценувајќи дека недостигаат одреден број ресурси.
– Ние располагаме со обучени и високо образовани луѓе, но сепак она што недостасува се одредени ресурси, се разбира дека секогаш може да има повеќе и помодерна опрема она што го имаме на располагање е околу 800 професионални пожарникари на територија на цела држава, околу 170 дороволци пожарникари, соопшти тој.
Ново на Сител
-

Николоски: Првите 30 електрични автобуси ги очекуваме во декември или јанаури
-

Иран повтори дека планира да наплаќа за минување низ Ормуската Теснина
-

Регистрирани 15 пожари на отворено - седум се изгаснати, шест се активни, а два се под контрола
-

Зајакната акциска контрола на МВР - санкционирани 60 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол
-

Земјотрес од 7,4 степени во Колумбија, најмалку 20 загинати
-

МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на политички пресметки
-

Во текот на изминатото деноноќие 15 лица uapseni поради безобѕирно управување моторно возило
-

Побарал возило на заем од познаник, наместо да го врати кажал дека е дефект и го продал на друго лице
