Ангелов го разобличи “спонтаното“ собирање на „Протестирам“
Претседателот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов вечерва не се појави на протестот на опозицијата кој се одвива под превезот на граѓанската организација „Протестирам“.
Ангелов вечерва преку социјалните мрежи откри зошто не е дел од протестот, но притоа ја разобличи и тезата на опозициските протестанти дека собирот при нивните демонстрации бил спонтан и без конкретна организација.
-Вечерва “Белизе Бенд“ ќе пее пред МРТ но јас нема да зборувам бидејки некој проценил дека тоа не е добро. Е сега, кога некој смета дека не е добро да зборувам пред МРТ, тогаш јас сметам дека не е добро ниту да се појавам, напиша Ангелов.
Ваквите зборови на Ангелов практично ги разбиваат тезите на организаторите на протестот кои секојдневно велат дека нивните собири се спонтани.
Сепак, признанието на Ангелов дека “некој сметал дека не е добро да зборува“ јасно укажува на тоа дека не станува збор за некакви спонтани собири, туку собири организирани со конкретна програма и најважно од се дека некој одлучува кој треба, а кој не треба да зборува.
Ново на Сител
-
Бербок: Резултатите од преговорите на Украина и САД би можеле да бидат важна пресвртница за траен мир и безбедност
-
Тепачка помеѓу лекари во операциона сала во Штип
-
Сиљановска Давкова: Ќе ни значи многу договор за соработка со Азербејџан, очекувањата се големи
-
Совет на ЈО: Со вчерашниот оглас на Судски совет не се почитуваат проекциите за 8-та генерации на Академијата за судии и јавни обвинители
-
Поставен камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“
-
Разбиени две криминални групи во Грција за измами со гориво на бензински пумпи
-
Вкупно 827 казни за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден
-
Приведен маж од Дебрца, возел со 1,53 промили алкохол во крвта