Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа во емисијата „Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија нагласи: „Да, ако ме бараат како професионалец, но за плата од 5 илјади евра.“
Ангелов зборуваше и за причините, поради кои се одлучил да коалицира со ВМРО ДПМНЕ. Со Мицкоски тој имал контакт околу две години. ВМРО ДПМНЕ ја поддржа нивната иницијатива за обештетување на семејствата на бранителите и Ангелов е уверен дека тоа ќе се случи, ако победат на изборите.
„СДСМ покажа голем демократски капацитет, но не успеа да се погрижи за тоа што го баравме: да го усвои законот за бранители. Ова е голема неправда. Јас имам големи колеги и пријатели и во СДСМ и во ДУИ. Бев критичен и додека бев во Владата. Доаѓам од десниот блок и СДСМ ги знаеше моите ставови, но ДУИ беше товарот, што не дозволи СДСМ да работи како што треба. Многу важен момент е што Ковачевски, министерката Петровска ни дадоа поддршка и ова треба да се пофали“, рече Ангелов.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор