Ангелов: Барањата на Бугарија се апсурдни

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов денеска истакна дека соседна Бугарија во втората светска војна биле окупатори.
Според него општо познато е дека Германија ја окупирала Македонија а бугарската држава била администратор што дефакто ја прави окупатор.
Ангелов вели дека треба да се фокусираме на иднината а не на историјата прво затоа што позицијата на Бугарија е апсурдна, а второ затоа што додека Бугарија и Македонија се караат за историјата, Илон Маск денеска лансираше четворица астронаути во меѓународната вселенска станица.
Ангелов заедно со претставници на семејства на загинати и воени инвалиди кој при распадот на Југославија се бореа во ЈНА положи свежо цвеќе на загинатите борци во овој конфликт.
Инаку, иако Ангелов ја напушти функцијата Национален координатор за воени и полициски ветерани за да стане в.д. директор на Центарот за управување со кризи. Меѓутоа, вели дека се додека не се најде човек за неговата стара функција тој им стои на располагање на ветераните.
Даниел Василев
Ново на Сител
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
-

Ристоска ја тужи ВМРО-ДПМНЕ за клевета и навреда
-

Стопирањето со БСЖ вакцината ги зголеми загриженоста и одговорите што ги бараат родителите
-

Преглед на вестите од светот
