Ангелевска: Заев бега од дебата со Мицкоски зашто нема објаснување за капитулантскиот договор што го менува идентитетот на македонскиот народ
Денес сме во посета на општина Долнени во рамки на акцијата „Лето за Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ. Разговаравме со жителите на оваа општина и од она што можевме да го чуеме од граѓаните совршено ни е јасно зошто Зоран Заев не сака да излезе на јавни дебати и на ТВ дуел.
Состојбата во државата е катастрофална, а тоа го потврди и поранешниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски.
Зоран Заев не сака да излезе на ТВ дебата со нашиот лидер Христијан Мицкоски заради тоа што на народот треба да му објасни зошто сака да го промени името на државата, идентитетот, културата, историјата на нашата земја.
На овие граѓани овде им беше ветен живот, а од животот овде нема ништо. Состојбата е катастрофална, овој народ овде се занимава со земјоделие. Ветувано им беше многу, ветено им беше дека ќе има откуп на нивните земјоделски производи, но од тоа нема ништо. Ветувано им бе дека откупувачите овде ќе се тепаат, меѓутоа и од тоа нема ништо.
Зоран Заев треба да му објасни на овој народ зошто го менува името, идентитетот и историјата на овој народ.
ВМРО-ДПМНЕ е против овој капитулантски договор кој е потпишан со нашиот јужен сосед затоа што се менува историјата, се менуваат нашите корени. Затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ им апелираме на граѓаните да се водат од сопствените чувства, да се водат од сопственото срце и на 30 септември да го искажат својот став онака како што мислат по свое сопствено убедување.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран