Ангела Меркел изрази жалење за бавното спроведување на договорот меѓу ЕУ и Турција за мигрантите
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изрази жалење за бавното спроведување на договорот меѓу ЕУ и Турција за мигрантите, чија цел е прекинување на миграциската рута преку Егејското Море.
- Границите на копно се чуваат многу полесно од овие на море. Затоа склучивме договор меѓу ЕУ и Турција. Но за жал, не го постигнавме саканиот напредок за неговото спроведување, рече Меркел во неделното обраќање.
- За нас е неприфатливо луѓето да плаќаат многу пари, и да го изложуваат на опасност својот живот, додаде таа.
Оспоруваниот договор склучен во март меѓу ЕУ и Анкара, предвидува враќање во Турција на сите мигранти кои влегле во Грција. Во замена, ЕУ презеде обврска за секој вратен Сириец да преселува по еден од Турција во земја од ЕУ.
Од март, 1.187 мигранти беа вратени од грчки острови во Турција и 2.761 сириски бегалци од Турција беа раселени во европски земји, покажуваат податоците на Европската комисија. Приливот на мигранти на грчките острови нагло се намали, и во просек изнесува 92 на ден, во споредба со речиси 10-те илјади дневно пред една година, додава ЕК.
Ново на Сител
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат