Ангел Димитров: Ковид-19 не може по автоматизам да се смета за професионално заболување
Не е в ред секое заболување од коронавирусот да се смета за професионално заболување, изјави денеска претседателот на Организација на работодавачите, Ангел Димитров одговарајќи на новинарско прашање за барањето на ССМ за прогласување на Ковид-19 за професионално заболување.
– Треба да се направи анализа за кои работни места оваа болест може да се смета за професионално заболување. За здравствените работници со право може да се постави тоа прашање, бидејќи се изложени на коронавирусот, рече Димитров.
Но, за останатите работници, според него, не може по автоматизам Ковид-19 да се смета за професионално заболување, доколку тие се разболеле дома или дружејќи се со други лица, а не на работното место.
Тој смета дека треба по суштински да се разговара на оваа тема, а не само да се изнесуваат популистички барања, бидејќи дел од овие прашање веќе се регулирани со Законот за здравствено осигурување.
– Може да се размислува за таа тема, да се слушнат сите мислења и на крајот да се предложи законско решение, додаде Димитров.
На истото прашање, вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи одговори дека Владата го слушнала барањето на ССМ, но досега се уште го нема добиено како предлог.
– Кога ќе го добиеме, ќе го разгледаме на Економско-социјалниот совет или билатерално со ССМ и Унијата на работодавачите и кога ќе оформиме став ќе можеме да го кажеме, истакна Битиќи.
Ново на Сител
-
Почнува контрола на сите ноќни клубови
-
Бектеши сеуште во полициска станица
-
Одредени мерки притвор за осомничените
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Демолирана општинската зграда на Кочани, граѓани фрлаа со камења и јајца
-
Градоначалникот на Кочани си даде оставка
-
Демолирана општинската зграда на Кочани, граѓани фрлаа со камења и јајца
-
Студентите оддадоа почит на загинатите во дискотеката Пулс во Кочани, за влакно спречен инцидент