Аневски: Јанева во среда да присуствува на седницата на СЈО

Претседателот на Советот на јавни обвинители (СЈО) Петар Аневски изјави дека специјалната обвинителка Катица Јанева денеска не присуствувала на седницата на која на дневен ред беше Извештајот за работата на Специјалното обвинителство и оти затоа не бил разгледуван. Јавно ја покани Јанева да дојде на седницата на СЈО закажана за 23 март.
- И овојпат Јанева покажа непочитување спрема СЈО, како и претходно кога ги запираше јавните обвинители да дадат свечена изјава. Ова неколку пати и се повторува и се надевам дека во среда ќе биде присутна и ќе може да ни одговори на прашањата. Тоа е нејзина должност, рече Аневски.
Според него, став на СЈО е на презентацијата на годишните извештаи да бидат присустните првите луѓе на обвинителствата. - Уште од лани е ова, не е сега ново да бидат присутни. Не можеме да ги донесеме насила, меѓутоа да не испадне да донесеме заклучоци дека не се точни или слично, рече претседателот на СЈО.
Аневски рече дека во Извештајот што Јанева го доставила до СЈО има доста нејаснотии и оти членовите исто така се интересирале за одредени проблеми кои не се наведени.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност!
-

Се снимале како упатуваат закани кон министерот Тошковски, кривична за четворица битолчани
-

Сиљановска Давкова - Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае, но не по македонска вина
-

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра
-

Претрес во Демир Хисар, пронајдено оружје, приведено едно лице
-

Мицкоски: Градиме стабилен и отпорен финансиски систем усогласен со европските стандарди
-

ЈП Комунална хигиена - Скопје отстрани диви депонии на пластичарска улица и во Старата скопска чаршија
-

Славески: И покрај комплекноста на околината, централните банки остануваат цврсто посветени на ценовната стабилност
