Анестезиолозите најдефицитарен кадар - во битолската болница недостасуваат најмногу специјалисти
Одобрени 240 државни специјализации и 115 субспецијализации за потребите на македонскиот здравствен систем. Состојбата на терен покажува дека во сите здравствени домови фалат невролози, интернисти и гинеколози. Најалармантно е во Клиничката болница во Битола, каде работат со преполовен кадар. Министерството за здравство утврдило дека на оваа установа и се потребни специјалисти по анестезија, педијатрија, гинекологија, ортопедија и уште 13 други специјалности. Надлежните анализата ја правеле согласно старосната граница на постоечкиот персонал, бројот на пациенти но и испразнетите кабинети.
-Од Медицински факултет ќе одлучат од кои специјалности и колку специјализации ќе бидат распишани на конкурсот овој месец. Според проценките на здравствените власти, најдефицитарни се анестезиолозите, педијатреите и невролозите а специјалисти фалат во речиси сите здравствени установи во државата.
Освен во битолската болница, специјалистички кадар е потребен и за останатите општи болници. Во ГОБ 8-ми септември имаат потреба од 7 специјалисти а во Велес им фалат невролози, офталмолози и инфектолози. Големата бројка на доделени специјализации следува по загрижувачкиот одлив на лекари од државата.
-Ова ќе важи за целата територија на земјата, нема да има фаворизирање на одредени региони, вели Миле Бошњаковски, портпарол на Влада.
Според надлежните, ова е најголем број на државни специјализации одобрени за еден конкурс.
-
Сања Димитриовска
Сите содржини од овој новинар
