Анестезиолог во ВМА: Тешка е здравствена состојба на повредените од Кочани

Воените и цивилните здравствени установи во Република Србија во моментов лекуваат 30 пациенти тешко повредени во пожарот во Кочани, и нивната здравстевена состојба е тешка и сериозна, јави дописникот на МИА од Белград.
Анестезиологот потполковник доцент д-р Горан Рондовиќ од Клиниката за анестезија и интензивно лекување на ВМА изјави дека во воено-здравствениот систем за лекување на ВМА и Воената болница во Ниш има 12 пациенти чија состојба е тешка и сериозна.
- Сите пациенти на ВМА се во тешка состојба, вкупно има десет, од кои шест пациенти се на одделението за интензивна нега со тешки телесни повреди предизвикани од изгореници и тешки повреди при вдишување, а четворица пациенти се на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и продолжуваат со понатамошното лекување на пластична хирургија. Вклучени се сите од анестезиолози, пластични хирурзи и сите други специјалности кои помагаат да се стабилизираат овие пациенти и да се продолжи со нивното лекување. Засега сите се стабилни“, изјави потполковникот Рондовиќ.
Тој посочи дека во тешка состојба се и двајца пациенти кои се примени во Воената болница во Ниш, но дека се стабилни и дека се на мултидисциплинарен третман, како што е случајот на ВМА.
Рондовиќ нагласи дека во евакуацијата учествувале тимови од експерти обучени за такви задачи.
- Ова е еден од најсложените видови на евакуација или транспорт на пациенти во сериозна состојба. Транспортот на голема група пациенти по воздушен пат е многу тешко да се организира. Имавме одлична соработка со сите структури на српските вооружени сили, изјави тој.
ВМА денеска ја посетија министерот за надворешни работи и трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, заменик министерот за здравство на Северна Македонија, Јовица Андовски и македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчески, за да се запознаат со состојбата на пациентите кои се лекуваат.
Ново на Сител
-

Стабилно и релативно топло време во текот на следната седмица
-

Македонските ракометарки ја совладаа Словачка за прво место на турнротот во Анкара
-

Неготинка пријавила физички напад од поранешниот сопруг
-

Уапсен кавадарчанец, возел со 2,18 промили алкохол во крвта
-

Најмногу дожд во Гевгелија, од утре стабилизација на времето
-

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути
-

Песков: Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ за САД е позитивен чекор
-

Свечена академија по повод празникот „Св. Климент Охридски“ под покровителство на претседателката
