-->
-->
Анестезиолог од КАРИЛ учествувал во породувањето на починатата родилка во Скопје
-->
Анестезиолог од КАРИЛ учествувал во породувањето со царски рез на родилката која почина во Санте плус во Скопје, дознава НОВА.
Најверојатно анестезиологот бил таму нелегално, а директорот на ТОАРУЦ, др. Илир Хасани рече дека тој не е информиран за неговиот ангажман таму и не потпишал никаков договор со Санте Плус.
- „Не можел да има договор без да знам, а јас такво нешто не сум потпишал. Ќе покренеме се што е во наша надлежност за да се испита целиот сплет на околности кои довеле до смрт на родилката.“, изјави за НОВА др. Хасани.
За разлика од директорот, од Санте Плус тврдат спротивно, дека анестезиологот имал договор.
Санте Плус упорно тврдат дека родилката била однесена жива во КАРИЛ, а од КАРИЛ се децидни дека таму е однесена почината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони
-
Костадиновски: Уставниот суд е најнереформирана институција од независноста на Македонија
-
Ако маркетите драстично ги зголемат цените ќе следуваат поригорозни мерки
-
Спречен колапс на македонскиот електросистем за време на велигденските празници
-
Наставниците стравуваат дека ќе останат без работа со новиот закон за основно образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?