Анџелина Џоли: Системот за бегалци целосно е растурен
Американската актерка Анџелина Џоли, која работи и како специјаен пратеник на ОН за бегалци предупреди денеска дека меѓународниот хуманитарен систем за бегалци е растурен и не функционира.
Џоли учествуваше во специјалната програма на Би-Би-Си Ворлд посветена на главните прашања врзани за мигрантите.
Таа укажа на стравот што постои од мигрантите и на, како што рече, „вистинската трка меѓу државите“ за тоа која од нив ќе биде построга и поостра во заштитата на својата територија од мигрантите.
Според актерката-хуманист, повеќе од 60 милиони луѓе на планетата, или еден на секои 122 жители на Земјата, се водат како раселени лица, а тоа е повеќе од кога било досега, во изминатите 70 години.
Џоли наведе и дека просечно, раселеноста на луѓето изнесува околу 20 години.
Холивудската ѕвезда за која се посочува дека има политички амбиции, објаснува дека ваквите состојби и проценки на кои таа укажува не се однесуваат само за Европа, која повеќе од една година се наоѓа среде бегалска и мигрантска криза, туки на другите делови од светот каде има бегалци.
Тоа се однесува на земји ако Турција, Либан и Јордан, што е поврзано со ситуацијата и конфликтот во Сирија, така и во Иран, Пакистан, како и во Етиопија.
УНХЦР претходно објави дека бегалската и мигрантската криза сега ги третира како глобално прашање.
Ново на Сител
-
Израел ги проширува воените операции и окупира делови од Газа
-
Келог: Конфликтот во Украина е на работ на примирје, но потребен е договор
-
Неврологот од Гостивар кој ја менува политичката сцена | Арбен Таравари | Sitel Podcast 087
-
Политико: Маск наскоро ќе се повлече од челното место во ДОГЕ, се враќа на бизнисот
-
Руте: Целосно сум убеден дека НАТО ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од Алијансата
-
Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата