Андреј Ковачев: Не сакаме да им го одземеме Гоце Делчев на Македонците

Ние не сакаме да им го одземеме Гоце Делчев од Македонците, затоа што и ние и тие сме наследници на истите луѓе кои во минатото не се делеле, изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
– Денеска се навршуваат 117 години од смртта на Гоце Делчев. Личноста на големиот револуционер не треба да ги дели, туку да ги обединува Бугарија и Република Северна Македонија. За жал, толкувањето на модерната реалност е основа на апсолутно фалсификување на историјата, изјави Ковачев.
Тој смета дека „од исклучителна важност е актуелните генерации во Македонија да не продолжат да се едуцираат во лага, која создава омраза и поделба“, но во исто време истакнува и дека „никој не сака на современото население во Македонија да му наметнува како ќе се нарекува“.
Според Ковачев, во основа на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија не е современата реалност, туку толкувањето на историјата, па затоа заедничката македонско-бугарска комисија своите заклучоци треба да ги базира на факти и историски извори, а не на толкувања на одделни историчари.
Тој потенцира дека доколку мешовитата комисија не продолжи со работа и доколку „продложи фалсификувањето на историјата“, меѓувладината конференција за старт на преговорите на земјава со ЕУ ќе биде одложена сè додека не биде постигнат напредок.
– Како што рече (бугарскиот) премиер Бојко Борисов – топката е во нивно поле. Жал ми е што нашите соседи се прават дека не го слушаат и не го почитуваат договорот што го склучивме, додава Ковачев.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
