-->
-->
Андреев: Жалам за елиминацијата
-->
Тренерот на Вардар, Сергеј Андреев по елиминацијата на неговиот тим од Лигата на шампионите, рече дека нема што да им замери на фудбалерите и не го го криеше разочарувањето од конечниот резултат.
Вардар испадна од АПОЕЛ иако во двата меча не загуби, на Кипар одигра 0:0, но голот кој Кипарните го постигнаа во Скопје во реваншот кој заврши 1:1 беше решавачки за елиминацијата на македонскиот шампион.
„ Одигравме подобро него во Никозија, нормално дека резултатот не е задоволувачки. На пресот пред мечот кажав дека 0:0 не добар резултат, реков дека шансите се 55 на 45 отсот, поради тоа што голот кој го примивме се смета како два. Нема за што да жалам единствено не сум задоволен од конечниот резултат. Ако игравме отворено во Никозија можевме да примиме пет-шест гола и тогаш овој реванш не мораше да се игра. На полувреме на моите играчи им реков дека многу бргу ги завршувавме акциитие, но тоа е резултат на емоциите кои ги понесоа играчите. За година ипол прв пат видовме толку публика на нашиот стадион, поради тоа со малку повеќе емоции влеговме во мечот, сакавме што побрзо да ја израдуваме публиката. Едоставно во повеќето ситуации фудбалерите не ги носеа вистински решенија“, рече по мечот со АПОЕЛ, Сергеј Андреев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација