Македонија
17. November 2016 - 16:12

Андреас Грос: Заев ќе ја прави македонија како Швајцарија

Заев во низа скандалозни и антимакедонски изјави ја обвини македонската власт дека таа била одговорна за лошите односи на Македонија со соседите, нагласувајќи дека “проблемот е во Македонија“. Заев на дебата пред албанските иселеници отворено ја искритикува Македонија и застана во одбрана на Косово, Албанија, Грција, Бугарија и Србија. Тој притоа потенцираше дека не може сите тие да не се во право, односно дека била во Македонија.

Заев се осврна и на Охридскиот рамковен договор, за кој вели дека “мора да се оди преку него“ доколку сме верувале во “еднаквоста и рамноправноста“. Тој нагласи дека Рамковниот не бил доволен и требало да се напуштат рамките.

Заев исто така потенцираше дека е оној кој што ја отвори јавно употребата на јазиците во Македонија како и еднаквоста и рамноправноста во државата.

Според поранешниот швајцарски дипломат Андреас Грос , еден од говорниците на на оваа средба потребна е промена на Уставот во Македонија за да се изедначат двата јазика.

Освен Заев и Андреас Грос по повод дебатата на тема „Македонија на прагот на избори: Промените, илузија или реалност“, говорници биле и лидерот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села и директорот на „Албинфо“, политикологот Башким Исени.