Андоновски: Во 2025-та испорачавме, а во 2026-та ја забрзуваме дигиталната траснформација на Македонија

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во видео обраќање објавено на неговиот Фејсбук профил нагласува дека во 2025-та испорачале, а во 2026-та ќе се забрзува дигиталната траснформација на Македонија.
-Во 2026 година одиме чекор понатаму. Повеќе целосно дигитални постапки без хартија и без чекање. Везилка, националниот центар за вештачка интелигенција, владин центар за сајбер инциденти, обуки и дигитални вештини со школите на XXI век, инфраструктура и надградба на системите. Затоа што дигиталната трансформација не е ИТ проект. Тоа е реформа на државата, вели Андоновски во однос на плановите на Министерството во новата година.
Андоновски нагласува дека 2025-та била година на испорака на дигиталната траснформација како реалност. Тој ги набројува и десетте политики кои Министерството ги има спроведено во текот на 2025 година.
-Прво - електронски услуги, без шалтери достапни онлајн преку uslugi.gov.mk. Од ваучери за студенти до потврди за неосудуваност и државјанство. Над 250 илјади корисници. Второ - држава што се поврзува. Интероперабилност меѓу институциите, раст од 150 проценти на податоци кои се разменуваат автоматски, без граѓаните да бидат посредници на институциите. Трето - забрана за нелегални онлајн игри на среќа. Се бориме против овој модерен порок и забранивме над 200 нелегални сајтови. Четврто, безхартиена администрација. Електронски документ, менаџмент системкако стандард во јавниот сектор и 20 нови институции кои постојано го користат, наведува Андоновски.
Поосчува дека петта спроведена политика е посилна сајбер безбедност со првиот Закон и стратегија - Заштита на системите и личните податоци како приоритет и 15 милиони евра поддршка од ЕУ како дел од реформската агенда.
-Шесто, темели за дигитален идентитет. Подготовка на сигурна дигитална идентификација и дигитален паричник во супер апликацијата мУслуги. Седмо – општините како дел од дигиталната држава. Поголема интеграција на локалната самоуправа со националните платформи. Осмо – фокус на граѓанското општество. Стратегија за ИКТ развој во координација со сите засегнати страни. Деветто – поддршка на приватниот сектор. Дигитална трансформација преку Европскиот Дигитален Иновациски Хаб за малите и средните компании. Десетто – испирака, а не празни зборови. Политики преточени во функционални системи и реални резултати, вели Андоновски во видео обраќањето.
Министерот Андоновски на сите граѓани им ги честита новогодишните и божиќните празници, со желби за здравје, успех и напредок.
МИА
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
-

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска
-

Уапсени две лица откако едниот од нив репетирал пиштол и се заканувал кон група луѓе во Скопска чаршија
-

Приведени 6 лица поврзани со групна тепачка во угостителски објект во Велес
-

28-годишник од дебарско почина откако се повредил при сеча на дрва
-

Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за правда
