Андоновски: Ја прифаќаме поддршката, но фудбалерите не смеат да имаат контакт ниту со најблиските

Портпаролот на ФФМ Златко Андоновски вечерва во гостување на Тема на денот на Сител Телевизија во врска со изјавата на премиерот Заев дека Сејдини не му дава да се види со фубалерите изјави дека со драго срце го прифаќаат секој повик за поддршка за репрезантацијата од страна на Владата и претседателот но поради строгите ограничувања пред се од УЕФА, фудбалерите се во таканаречен заштитен меур, и не се дозволува контакти дури и и со најблиските.
-Строгите ограничувања се единствена причина поради која ние моравме да вратиме на дописот од Владата и претседателот Пендаровски пуштајќи ги сите протоколи и од УЕФА па дури и дисциплинскиот правилник и тоа што веќе во репрезантацијата имаме потврден Ковид случај, и едноставно ако сакаме да се однесуваме и да играме на Европско со тие репрезентации тогаш мора да го почитуваме и тоа што ни е препишано, рече Андоновски.
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
