Тенис
30. August 2015 - 9:02

Андерсон победник на турнирот во Винстон - Салем

Јужноафриканецот Кевин Андерсон победи на турнирот во Винстон - Салем што се игра како најава на УС ОПЕН. Тој во финалето го совлада Пјер-Иго Хербер со 2:0 во сетови (6:4 и 7:5).

Ова за него е вкупно трета титула во кариерата.
На женскиот турнир во Њу Хевн победи Петра Квитова која во финалето ја совлада својата сонародничка Луси Сафараова со 2:1 во сетови.
Утре 31.август почнува четвртиот Грен слем турнир УС ОПЕН во Њујорк.