Анчелоти за затајувањето данок: Невин сум!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја демантираше можноста да оди во затвор поради затајување данок.
Во шпанските медиуми се појави информација дека против Италијанецот е поднесена тужба за затајување данок. Наводно, во периодот 2014/15 година сторил финансиски малверзации од милион евра.
Анчелоти ги демантираше шпекулациите дека му се закануваат пет години затвор.
– Затвор? Тоа е стара приказна, започна пред осум години. Обвинителството мислеше дека живеам таму, што не е точно. Јас веќе ја платив казната. Јас сум невин, изјави Анчелоти.
Искусниот стручњак не е првиот обвинет за ваков тип на измами – тоа беше случај и со Кристијано Роналдо, Жозе Мурињо, Серхио Рамос и многу други.
Сите тие пред судот ја признаа вината и добија финансиски казни.
Ново на Сител
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
-

НБА: Лејкерс закажа полуфиналната пресметка со Оклахома
-

Стармер: Повторното отворање на Ормуската Теснина нема да значи враќање во нормала
-

Арагчи: Вооружените сили на Иран се подготвени за одбрана, Техеран отворен за дипломатија
-

Гостиварец тешко повреден при пад од четирицикл во шумски предел
