Анчелоти го пофали Мбапе за голот против Рајо Ваљекано

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти искажа пофални зборови за настапот на напаѓачот Килијан Мбапе на натпреварот од 27. коло од Ла Лига против Рајо Ваљекано (2:1).
– Винисиус и Мбапе постигнаа два импресивни гола. До 70. минута играа многу добро и имаа шанси да го направат резултатот 3:1. Мбапе одигра брилијантно, постигна спектакуларен гол. Се бореше, падна да ја земе топката. Голот дојде затоа што тој отиде да ја прими топката во средниот ред, а потоа со своето движење ја избегна одбраната. Тоа беше фантастичен гол, тој направи се многу добро, изјави Анчелоти во прес-службата на мадридскиот клуб.
Оваа сезона 26-годишниот Французин одигра 41 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи 28 голови и четири асистенции.
Реал Мадрид со 57 бодови е втор на табелата зад Барселона која има исто така 57 и натпревар помалку.
Ново на Сител
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
