АНБ и МВР со акција против група поврзана со меѓународна терористичка мрежа, опфатени пет лица

Во координирана акција на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Министерството за внатрешни работи (МВР),вчера биле извршени претреси на повеќе локации во Скопје во рамки на предистражна постапка за кривично дело „терористичка организација“, при што се пронајдени и одземени дигитални уреди и друга електронска опрема.
Како што информира МВР, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против Ј.К. (30), Ј.М. (22), М.Т. (23), Р.К. (23) и Г.М. (34), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „терористичка организација“ по член 394-а од Кривичниот законик.
Според МВР, активностите биле преземени врз основа на претходно добиени сознанија и информации од меѓународни стратешки партнери, во соработка со АНБ и под раководство на надлежното обвинителство, со цел идентификување на администратори и членови на интернет апликации што поттикнувале создавање терористичка организација.
Истрагата утврдила дека првоосомничениот Ј.К. кон крајот на 2024 година формирал интернет канал и група во која членувале останатите осомничени, а во текот на 2025 и 2026 година дејствувале како терористичка организација, ширејќи пропагандни и џихадистички содржини, со цел идеолошка индоктринација и глорификација на терористи поврзани со „Исламска држава“.
Според информациите од АНБ, осомничените воспоставувале контакти со медиумско-пропагандни канали на оваа терористичка организација и работеле на создавање локална мрежа за ширење екстремни и насилни наративи, со цел поттикнување терористички активности во државата.
Како дел од групата, тие обезбедувале и логистичка поддршка на лица кои претходно биле опфатени со контратерористички активности, додека дел од осомничените веќе издржуваат казни затвор или се наоѓаат во притвор за кривични дела поврзани со тероризам.
Од АНБ нагласуваат дека активностите се преземени со цел навремено откривање и спречување на заканите по националната безбедност и заштита на уставниот поредок и граѓаните.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
