Анастисијадес: Нема да ги одложуваме нашите планови за вадење гас заради Турција
Кипарскиот претседател Никос Анастисијадес изјави дека неговата земја нема да ги одложува своите планови за вадење гас од Егејско море, и покрај обидите на Турција да го присили Кипар да ги откаже своите активности.
Тој кажа дека откажувањето од истражувањата под притисок на Турција ќе биде исто како Кипар да си ги укине своите суверени права, пренесоа американските медиуми.
Анастисијадес уште кажа и дека е подготвен, заедно со Турција, да го одреди курсот на договорот што повторно ќе го обедини Кипар, кој од 1974 година е поделен на грчки и турски дел, но дека тоа нема да се случи доколку Анкара поставува предуслови, како што е откажувањето од истражувања на гасните наоѓалишта.
-Оспорувањето на суверените права или предуслови од типот „ јас го кршам меѓународото право, а за возврат вие морате да се откажете од вашите суверени права за да можеме да зборуваме, не покажуваат ни добра волја ни намера“, рече тој.
Последните месеци турските воени бродови бушат во водите во кои Кипар има екслузивни економски права, вклучувајќи ги и областите каде лиценца за работа имаат енергетски компании од Италија и Франција.
Турција ваквиот свој потег го образложи како обид да ги заштити своите права и одземените права од кипарските Турци на енергетските резерви, а туското МНР соопшти дека државата нема да престане со своите истражувања на јаглероди на Кипар се додека не престанат бушењата или кипарските Турци заеднички не управуваат со таквите активности.
Ново на Сител
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството