Анастасова: БСП нема да го поддржи предлогот на „Има таков народ” за претседател на бугарскиот Парламент
Ирена Анастасова од Бугарската социјалистичка партија на влезот во Националното собрание за БНТ изјави дека овој пат нивната партија нема да го поддржи предлогот на партијата „Има таков народ“ за претседател на парламентот.
БСП ќе го номинира Кристијан Вигенин за претседател на 46. Национално собрание.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Анастасаова изрази надеж дека овој состав на парламентот ќе биде поинаков, бидејќи на Бугарија и треба функционална влада и нејзината партија влегува во ова 46-то Национално собрание со таков став.
-Во случај некој да побара поддршка од БСП, вклучувајќи и од „Има таков народ“, БСП ќе ги стави своите приоритети на маса и ќе разговара, коментира Анастасова.
Според неа, Бугарија треба да има функционална влада, бидејќи за државата не е добро да има нови избори, категорична е претставничката на бугарската левица.
Ново на Сител
-
Како да се спречи одливот на работници?
-
Од Скопје ќе се лета до Париз и Женева – Воведени две нови авиолинии
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот
-
Струмица: Потребни се законски измени за третманот на бездомните кучиња
-
Преглед на вестите од светот