-->
-->
Анастасиадис: Киднапирањето на авионот е од лични мотиви
-->
Претседателот на Кипар Никос Анастасиадис нагласи денеска дека „киднапирањето на авионот не соодветствува со чин на тероризам“, тука дека зад сето тоа стојат лични мотиви, пренесува „Блумберг“.
Претходно денеска, кипарскиот претседател имаше телефонски разговор со претседателот на Египет Абдел Фатах ал Сеси, јавува „Сајпрус мејл“.
Медиумите, исто така известуваат дека киднаперот барал писмото кое било напишано на арапски јазик да биде предадено на неговата поранешна сопруга која живее на Кипар, а „Сајпрус мејл“ наведува дека полицијата ја носи на аеродромот неговата поранешна сопруга.
Полициските претставници изразија сомневање дека киднаперот во себе има вистински експлозив.
Киднаперот наводно барал политички азил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер